Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го откажа учеството на уште еден турнир, бидејќи не се опорави од повредата на колкот. Шпанскиот тенисер го откажа натпреварувањето на турнирите во Доха и Дубаи.
Сега тој го откажа учеството на егзибицијата во МГМ Арената во Лас Вегас, која требаше да се одигра на 5 март.Таму требаше да се сретне со Карлос Алкараз, но мораше да отпадне, па Алкараз ќе игра со победникот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Френсис Тијафо.
„Многу сум тажен што нема да можам да дојдам во Лас Вегас и да го одиграм овој голем настан со Карлос во „MGM Grand Garden Arena“. За жал, мојот процес на опоравување е таков што не е можно да бидам подготвен да играм тогаш. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и организаторите кои цело време беа во контакт со мене, ми покажаа поддршка и имаа многу разбирање за мене“, рече Надал.