Оние кои се надеваа на спектакуларно финале меѓу Ѓоковиќ и Надал, дефинитивно нема да го добијат, Рафаел Надал се повлече од турнирот поради повреда.
Надал и во текот на вчерашното четвртфинале се жалеше на повреда, но многумина мислеа дека шпанецот лажира. Сепак не било така наивно.
Шпанскиот тениски ас денеска објави дека се повлекува поради повреда, нема да го игра полуфиналето против Ник Кирјос.
Австралискиот тенисер Ник Кирјос ќе оди директно во финалето, а таму ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.