Ќе гледаме нова мега пресметка на грен-слем турнирите, овојпат во четвртфиналето ќе играат Рафаел Надал против Новак Ѓоковиќ.
Надал добро се испоти за да го победи одличниот Феликс Оже-Алиасим, мечот се играше во пет сета и траеше речиси четири и пол часа.
Оже -Алиасим со 6-3 го доби првиот сет, Надал возврати и следните два ги доби со 6-3 и 6-2. Канаѓанецот го доби четвртиот сет со 6-3 и се избори за петти решавачки, во него шпанскиот тениски ас беше подобар со 6-3 и го доби мечот со 3-2 во сетови.
Надал во четвртфиналето ќе игра против Ѓоковиќ кој со убедливи 3-0 денеска бшее подобар од Шварцман. Дуелот меѓу двајцата великани се игра во вторник.
Место во четвртфиналето избори и Александер Зверев кој со 3-0 го победи Запада Мираљес.
Зверев во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Алкараз и Качанов.