среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал се повлече од Бризбејн

Надал се повлече од Бризбејн

Рафаел Надал се откажа од учество на турнирот во Бризбејн во серијата АТП 250.

Вториот светски рекет има повреда и по консултации со лекарите одлучи да го пропушти почетокот на сезоната во Австралија.

– Скенирот покажа дека имам мал проблем во левиот бут. Сакав да играм, но препораките на лекарот беа различни, рече Надал.

Пред Надал има период на опоравување, а целта е да биде подготвен на Австралија Опен, кој се одржува од 14 до 27 јануари во Мелбурн.

Неговото место го зазеде „среќниот губитник“ од квалификациите Таро Даниел. Јапонецот во второто коло ќе игра со Жо-Вилфред Цонга (Франција).

МИА