Рафаел Надал веќе најави дека нема да игра на следниот турнир од серијата 1.000 во САД, што ќе се одржи во Мајами од 23 март.
Шпанецот вели дека мора да го темпира календарот и одиграните мечеви за да може да ја продолжи својата кариера.
„Моето стапало не 100 проценти заздравено, имам болки, а веројатно никогаш нема да се ослободам од неа. Во моментов можам да бидам среќен како се одвиваат работите, но јасно ми е дека во еден момент морам да направам пауза. Морам да најдам вистински баланс помеѓу натпреварите и одморот. Ако успеам вистински да го распоредам календарот на турнири, тогаш не можам да побарам ништо повеќе“, рече Надал.