среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Најголемиот хит на ОИ во Токио: Додека другите пливачи дошле ‘стегнати’ и во топ форма, овој човек гордо го покажа својот стомак и го воодушеви светот!

Најголемиот хит на ОИ во Токио: Додека другите пливачи дошле ‘стегнати’ и во топ форма, овој човек гордо го покажа својот стомак и го воодушеви светот!

Пливачот Шон Динглијус Волас е апсолутен хит на Олимписките игри во Токио.

Додека сите пливачи во Токио дошле стегнати и во топ форма, овој човек од малата држава Палау не се грижи многу за добро дефинирано тело.

Валас на базенот прошетал со својот стомак и и веднаш привлекол големо внимание кај сите што ја следеле трката на 50 метри слободен стил.

Тој е еден од тројцата претставници на својата земја на Олимпијадата во Токио, а за разлика од Рио во 2016-та година, кога завршил на 72-то место, овојпат го подобрил својот пласман за седум позиции.

Треба да се напомене дека Валас е повеќекратен државен рекордер и шампион.

Својот прв официјален настап на најголемите светски натпревари го имал на светското првенство во Барселона во 2013-та година, и го продолжил учеството на светските првенства во Казан во 2015-та година, Будимпешта во 2017-та година и Квангџу во 2019-та година.