Дебелеењето од бутовите е најтешкиот дел од слабеењето. На нозете, мастите обично се складираат најдолго и остануваат и покрај правилната исхрана. Сепак, постои решение за овој проблем. Само една вежба е доволна за да постигнете феноменални резултати.
Станува збор за исчекор, вежба која го трансформира вашиот изглед за само 2 недели. Постојат неколку варијации на оваа вежба, а најдобро би било да ги комбинирате за време на еден тренинг.
Покрај бутовите, исчекорите ги зајакнуваат и мускулите на задникот. Оваа вежба е создадена така што ја зголемува кондицијата, но и ја зајакнува силата и ја подобрува стабилноста и држењето на телото, а доволно е да ја правите само 10 минути во текот на денот.
Исчекорите многу брзо ги даваат првите резултати, веќе по 2 недели ќе забележите дека нозете и задникот изгледаат поубаво. Многу е важно правилно да се држите, во спротивно може да дојде до повреди.
Кога ја изведувате оваа вежба, обидете се да го држите грбот исправен и да погледнете директно пред себе.
Во видео прилогот, како изгледа еден тренинг: