Американскиот атлетичар стана четвртиот најбрз човек во светот на 200 метри, откако таа делница ја истрча за 19,49 секунди на митингот во Батон Руж во саботата.
Најтон, кој беше четврти на 200 метри на Олимпијадата во Токио, вчера го подобри својот јуниорски светски рекорд (19,84) што го постави во јуни 2021 година во квалификациите во САД.
Исто така, неговото време е само три десетинки побавно од светскиот рекорд на Јамајканецот Усеин Болт (19,19) од 2009 година.
Само Болт, неговиот сонародник Јохан Блејк (19.26) и американската легенда Мајкл Џонсон (19,32) се побрзи од Најтон на 200 м.