четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Наоми Осака посакува да се врати на тениските терени

Наоми Осака посакува да се врати на тениските терени

Јапонската тенисерка Наоми Осака објави дека е решена да се врати на тениските терени по раѓањето на својата ќерка.

– Никогаш не мислев дека ќе се вратам на турнеја ако имам бебе. Но, чувствувам дека тоа беше магичен момент за мене. Навистина сакам да работам напорно. Играм тенис од мојата тригодишна возраст и сакам да уживам во времето што ми е одвоено за овој спорт, изјаво Осака за „Mountaintop Conversations“.

Таа е двократна победничка на Австралија Опен во 2019 и 2021 година и на УС Опен во 2018 и 2020 година.