Обожавателите на Мајк Тајсон се загрижени откако се појавија фотографии на кои легендарниот боксер позира со фанови на аеродром во Мајами, а седи во инвалидска количка.
Имено, Тајсон веќе некој период има проблеми со ишијас, а претходно откри дека токму поради болките во грбот престанал да се занимава со бокс.
Не се само фотографиите причина за загриженост кај фановите, туку и оваа негова изјава.
„Често во последно време се погледнувам во огледало и гледам некои дамки на своето лице кои претходно не сум ги видел. Си велам дека крајот е близу, дека наскоро ќе умрам“, изјави Тајсон.