Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, го освои трофејот на вториот грен слем турнир Ролан Гарос и се запиша во историјата, но по финалето се случила непријатна ситуација кога еден навивач сакал да втрча на теренот.
Известувач на „Мондо.ба“ објави дека припадниците на обезбедувањето на Ролан Гарос спречиле еден маж да втрча на теренот и да го грабне пехарот. Тие во последни секунди го запреле човекот кој имал намера да направи хаос по натпреварот и да го уништи посебниот момент на Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ го освои 23 гренслем-трофеј и стана единствен тенисер на кој му успеало такво нешто во историјата.