Кофеинот е пријател на вежбањето – за време на кревањето тегови ќе ви ја зголеми силата, прагот на болка и издржливоста на мускулите.
Тренингот надвор од теретана е подеднакво важен колку и тежината што ќе ја ставите на шипка. За поголеми тежини и за подобар перформанс потребно е добро да се подготвите, а тоа може да го направите на неколку едноставни начини.
Визуелизирајте
Секој ден треба да издвоите 15 до 20 минути за опуштање и рамислување за тоа како на следниот тренинг ќе успеете да направите сѐ што сте зацртале. Потрудете се целите да ги визуелизирате детално, вклучете ги емоциите, мирисите и звуците: што појасно ја гледате замислата, толку пореално ќе ви изгледа.
Поставете цели
Поставувајте си јасни цели. Само да речете „сакам поголема физичка сила“ не е доволно специфично. Но, кревање 50 кг. од прв обид звучи доволно добро и изводливо. Потрудете се вашите цели да бидат реални и не се откажувајте.
Одберете ја вистинската музика
Одберете енергична музика што ве мотивира, направете плејлиста и пуштете ја на најгласно кога кревате тегови.
Внесете доволно кофеин
Кофеинот е одличен за тренинг, за време на кревањето тегови ќе ви ја зголеми силата, прагот на болка и издржливоста на мускулите. Идеално е да го внесете во организмот половина до еден час пред да почнете со вежбање.
Добро најадете се
За голема сила ви треба доволно енергија и протеини за мускулите, па потрудете се час-два пред тренингот да внесете доволно здрави јаглехидрати и протеини.