Бананите, овесната каша и уште неколку намирници се одличен избор пред тренинг.
Општо е познато дека заедно со регулираната исхрана, многу е важна и физичката активност. Многумина што се одлучуваат да одат во теретана се прашуваат како треба сега да се хранат, т.е дали е дозволено да се јаде пред, т.е. после тренинг.
За тренинзите дефинитивно ви треба енергија, која логично ќе ја добиете од храната, но секако, не било која.
Подетално за исхраната пред тренинг, објаснува нутриционистката Јана Домонџи Лакатош:
– Истражувањата покажаа дека навремената и правилно избалансирана исхрана позитивно влијае на здравјето и ефективноста на тренинзите, ги обновува мускулите и влијае на нивниот раст, го забрзува топењето на масните наслаги, го подобрува спортскиот потенцијал, физичката конституција, здравствената состојба, а кај некои случаи, емоционалната и психолошката состојба – вели нутриционистката и додава:
– Со конзумирање на правилно избалансирана храна во одредено, односно во вистинско време, ќе си го олесните патот до посакуваните цели – вели таа и дава предлози што да јадете пред тренинг:
– Грчки јогурт, бадеми и овошје,
– Овесна каша,
– Банани,
– Мешавина од јаткасти плодови,
– Бесквасен леб со путер од кикирики и јагоди,
– Јаболка и путер од бадеми.