Македонскиот тенисер, Калин Ивановски доживеа неочекуван пораз од Џузепе Треска во квалификациите за пласман во главната фаза на АТП Челинџер турнирот во Троа (Франција).
Нашиот ас беше апсолутен фаворит на хартија (четврти носител во овој дел) затоа што за ривал го имаше 1101 рекет на светот, но поискусниот Италијанец подобро се снајде на денешниот меч и со 6-4 и 7-6 обезбеди пласман во наредната квалификациска рунда.
Калин играше многу лошо на свој сервис, противникот тоа го користеше и успеа да дојде до значајна победа.