вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

НФЛ играчот кој колабираше на теренот испратен на домашно лекување

НФЛ играчот кој колабираше на теренот испратен на домашно лекување

Демар Хемлин беше реанимиран на теренот за време на дерби натпреврот во НФЛ лигата меѓу Синсинати Бенгалс и Бафало Билс, а иако неговиот живот беше сериозно загрозен, денеска пристигнуваат најдобри вести од Америка.

Младиот 24-годишен играч на Бафало се струполи на земјата откако имаше дуел со противнички играч на 3-ти јануари, но откако ја доби најважната битка по 20-минутно реанимирање, продолжи да се бори и во болница.

По осум дена минати на интензивна нега, Хемлин денеска добил дозвола да оди на домашно лекување, поради што добил отпусно писмо од болницата во која лежел.

– Ја завршивме серијата на тестови и испитувања, па во договор со сите лекари од тимот, проценивме дека Демар може безбедно да биде ослободен и да се врати во својот дом, од каде ќе ја продолжи рехабилитацијата под надозор на својот клуб, – се вели во соопштението на болницата во Њујорк.

Поради хоророт кој се случи на теренот, натпреварот меѓу Синсинати и Бафало беше прекинат уште во првата четвртина, а НФЛ лигата најави дека истиот нема да се доигрува, или преигрува.