Раководството на најсилната хокеарска лига на светот – НХЛ, може да го одложи почетокот на сезоната 2020/21 за 1 февруари, пренесува инфо-каналот „Хокеј без гледачи“.
На оваа тема веќе се водат преговори меѓу лидерите на клубовите и комесарот на лигата, Гери Бетман.
Доколку се донесе одлука за пролонгирање на стартот, тренинг камповите ќе се отворат во средината на јануари.
Претходно, датумот на почеток на регуларната сезона беше 13 јануари, а камповите се очекуваше да се отворат на почетокот на новата година.