понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

НИ САМИОТ ЃОКОВИЌ НЕ ЗНАЕЛ ШТО СЕ СЛУЧИЛО: Во Токио срушил уште два големи рекорди

НИ САМИОТ ЃОКОВИЌ НЕ ЗНАЕЛ ШТО СЕ СЛУЧИЛО: Во Токио срушил уште два големи рекорди

Најдобриот тенисер во свет Новак Ѓоковиќ успешно го започнал походот за олиписко злато со победа против Уго Делијано, а попатно со тој триумф ја остварил бројката со која повторно ги надминал своите ривали. Вероватно тоа не го знаел и во моментите кога го завршил мечот.

Тениски аналитичари ја објавиле табелата на која статистиката јасно покажала – Новак Ѓоковиќ има најголем процент на победи во тениската историја.

Ѓоковиќ во текот на кариерата достигнал процент на победа од 83,35 отсто и така го надминал Рафаел Недал кој останал со 83,15 отсто. Од 1.164 одиграни меча Новак славел на дури 969, а изгубил 195.

Вториот рекорд во истиот ден Новак го срушил и на Роџер Федерер. Не само што Ѓоковиќ има најголем процент вкупни победи туку е и најдобар играч на тврда подлога.

Светски број еден рекет после првото коло на олимпискиот тениски турнир го го надминал Федерер кој процент на победа на бетон е 83,13 отсто. Новак после мечот со Боливиецот достигнал број од 84,66 отсто со што уште една скала се искачил како прв на врв.