Селекторот на машката одбојкарска репрезентација Никола Матијашевиќ во Струмица ги стартуваше подготовките за натпреварите од Сребрената лига, а потоа и за Европското првенство.
Планот на репрезентацијата е целите подготовки да се одвиваат во Струмица, каде што ќе се играат и натпреварите од групата А.
Противници на Македонија ќе бидат Данска, Израел и Кипар. Целта е јасна, триумф во натпреварувањето и прво злато по трите сребрени и еден бронзен медал во оваа натпреварување
„Црвено-жолтите“ првиот натпревар од Сребрената лига во Струмица го игра на 21 мај против Кипар, а ќе се игра и на 22 и 23 против Израел и Данска.