четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Нишикори за претстојниот дуел Ѓоковиќ: Повеќе би сакал да играм со некој послаб

Нишикори за претстојниот дуел Ѓоковиќ: Повеќе би сакал да играм со некој послаб

Јапонецот Кеи Нишикори не е многу одушевен од тоа што во третото коло на УС Опен ќе игра со Новак Ѓоковиќ. Во меѓусебните средби тој губи со 2:17, а една од двете победи против Србинот му е во 2014 година во полуфиналето во Њујорк.

-Тој е еден од најдобрите, еден од најтешките противници. Се разбира, повеќе би сакал да играм со некој послаб. Од друга страна, сакам предизвици. Иако статистиката е лоша, јас се обидувам да бидам позитивен. Секако, натпреварот ќе биде тежок, но јас ќе дадам се од себе. Неговата најголема сила е контролата на топката. Може да погоди насекаде од двете страни. Во споредба со другите, Ѓоковиќ помалку греши, најдобар е на светот. Се разбира, нема да бидам фаворит и навистина не сакав да играм со првиот светски рекет во третото коло, но што е тоа е, изјави Нишикори.

Мечот Ѓоковиќ – Нишикори треба да се одигра утре попладне околу 17 часот по средноевропско време.  (МИА)