Пилотот на Мекларен, Ландо Норис, се огласи на Твитер и се извини за неговото неодамнешно интервју.
Претходно, Норис изјави дека рекордот на Луис Хамилтон по бројот на победи во Формула 1 „не му значи ништо“.
Морам да се извинам, бев глупав и несовесен кога кажав некои работи во медиумите. Јас не покажав соодветна почит кон одредени луѓе. Јас не сум таков човек, затоа мора да им се извинам и на луѓето што ги повредив и на оние што ги читаат или слушаат моите зборови, напиша Норис на Твитер.
Хамилтон во неделата ја забележа 92. Победа во Формула 1 шампионатот и постави нов рекорд соборувајќи го досегашниот на Михаел Шумахер кој изнесуваше 91 победа.