Репрезентацијата на Норвешка го освои златниот медал на тимскиот паралелен велеслалом на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во италијанската Кортина Д’ампецо.
Норвешкиот тим во состав Теа Луиза Стјернесунд, Себастијан Солеваг-Фос, Кристина Рис-Јохансен и Фабиан Вилкенс Солхајм во финалето беше подобар од швескиот тим кој го сочинуваат Естел Алфанд, Кристофер Јакобсен, Сара Хектор и Матијас Ронгрен со 3-1.
До бронзата стигнаа Германија во состав Ема Ашер, Стефан Луиц, Андреа Филсер и Александер Шмид кои во малото финале беа подобри од швајцарскиот тим во состав Венди Холденер, Сандро Симонет, Камил Раст и Семјуел Бисиг.
Утре на програмата на шампионатот во Кортина Д’ампецо е женскиот велеслалом.