четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Нов најдобар пласман на Калин Ивановски на АТП ранкингот

Нов најдобар пласман на Калин Ивановски на АТП ранкингот

На стартот на секоја недела се објавува новата АТП ранг-листа, а на неа македонскиот ас Калин Ивановски го забележа најдобриот пласман во кариерата.

18-годишникот напреува 18 позиции и сега е на 457 место на рангирањето. Ивановски доби дополнителни пет поени и сега е на 91.

По добрите настапи на фјучрс турнирите, Ивановски забележа напредок и нов најдобар пласман. Во женска конкуренција напредуваше Лина Ѓорческа, која сега е 213. на ВТА рангирањето.

На врвот на АТП-ранкингот нема промени, Новак Ѓоковиќ ја започна својата 382 седмица на челната позиција. По него следат Алкараз, Циципас, Руд и Медведев меѓу најдобрите пет. Дополнителен пад по неиграњето забележа Рафаел Надал кој сега е петнаесетти.