Кенискиот атлетичар, Елиуд Кипчоге повторно испиша историја. Тој на традиционалниот Берлински маратон постави нов светски рекорд.
Во најтешката атлетска дисциплина, маратонот, Кипчоге истрча ново најбрзо време. Кениецот делницата од 42.километри 195.метри ја претрча во време од 2.часа 1.минута и 9.секунди, што е за 30 секунди побрзо од досегашиот рекорд кој исто така беше во негова сопственост, а го постави токму на маратонот во Берлин во 2018 година.