„Ролан Гарос“ повторно го смени терминот на одржување заради пандемијата од коронавирусот.
Гренд-слем турнирот во Париз ќе започне на 27 септември, според францускиот весник Париз.
Отвореното првенство на Франција со стандарден термин 18 мај – 7 јуни првично беше преместен од 20 септември до 4 октомври, а според новите информации, турнирот ќе започне една недела подоцна и ќе трае до 11 октомври.