вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак е свесен за ризикот поради ОИ, не сум сигурен дека ќе играм во Токио

Новак е свесен за ризикот поради ОИ, не сум сигурен дека ќе играм во Токио

Поранешниот шпански тенисер Алекс Кореча се сомнева дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Олимписките игри во Токио бидејќи тоа ќе претставува голем напор за него и воедно може да влијае на остатокот од сезоната.

Олимписките игри во Токио треба да започнат на 23 јули и ќе траат се до 8 август, но стартот на Игрите е само две недели по завршување на Вимблдон каде Ѓоковиќ ќе ја брани титулата освоена 2019 година. Исто така многу брзо по завршување на Игрите во Токио ќе биде и стартот на последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен (30.8-12.9).

– Заминувањето во Јапонија ќе значи и промена на временските зони, поголема влажност, големи жештини, играње на тврда подлога по земја и трева, како и малку време за опоравување. Мора да се направи избор бидејќи не е лесно да се натпреварување во сè. Затоа не сум сигурен дека Новак ќе игра на Олимписките игри во Токио, а доколку до направи тоа знае дека ќе си ги намали шансите да триумфира на УС Опен. Не би се изненадил доколку Новак каже нè на ОИ во Токио – изјави Кореча кој на Игрите во Сиднеј 2000 година го освои бронзениот медал.

Засега Ѓоковиќ не се откажува од идејата да настапи во Токио бидејќи во богатата колекција на трофеи му недостасува златен медал од Олимписките игри. Најдобриот резултат го оствари на Игрите во Пекинг 2008 година кога го освои бронзениот медал. Четири години подоцна во Лондон беше четврти, додека на Игрите во Рио де Жанеиро 2016 година испадна на стартот.
Според Кореча, шансите на Ѓоковиќ да триумфира на сите четири грен слем турнири оваа година се големи со што би станал првиот тенисер по Род Лејвер со вакво постигнување.

– Не само поради Рафа и Рожер туку и поради тоа што го направи на Рола Гарос што претставуваше порака за сите ривали. Сите очекуваа дека ќе биде добар на Австралија Опен, се знаеше дека може да игра добро на Ролан Гарос иако не сум сигурен дека некој очекуваше така добро да одигра и ќе успее да се врати од негатива од 0:2 во сетови. Против Беретини ги исфрли емоциите од себе и тогаш почувствував дека е подготвен, бидејќи покажа глад за победа. Во дуелот со Рафа Надал речиси четири часа играше на високо ниво и тоа беше показател дека сака да го освои трофејот. Во финалето успеа да се врати од негатива од два сета, а таквите работи ќе бидат полесни на трева и на тврда подлога. Не би се изненадил доколку го освои Вимблдон и УС Опен – вели Кореча.