Најдобриот тенисер на светот во моментот, Новак Ѓоковиќ е на листата пријавени тенисери за првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен.
Ѓоковиќ со оваа ги разреши сите дилеми дали е вакциниран или не, бидејќи во државата Викторија, во која се наоѓа Мелбурн не е дозволено да допатуваат луѓе од други земји кои не се вакцинирани против коронавирус.
Тоа значи дека Србинот ќе се бори за 10. титула во Мелбурн и рекордната 21. на гранд-слем турнирите.
На листата на пријавени се уште Данил Медведев, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Матео Беретини, Јаник Синер, Доминик Тим.
Турнирот во Мелбурн стартува на 17. јануари.