петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои Вимблдон

Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога против Ник Кирјос  (4-6, 6-3, 6-4, 7-6/3) и ја освои седмата титула на Вимблдон.

Првиот носител го загуби првиот сет, но потоа започна да ја „чита“ играта на противникот и направи пресврт за конечна победа. За него ова е 21. Грен слем трофеј во кариерата, па сега стои на еден од рекордот на Рафаел Надал.

Контроверзниот Австралиец одново правеше шоу и постојано разговараше со судијата и својот тим. Тоа не влијаеше на играта на Србинот, кој со по еден брејк стигна до прва предност во финалето и ги освои вториот и третиот сет.Моментот беше на страна на Ѓоковиќ, кој продолжи во исто темпо и до крајот на финалето. Сервисот го користеше максимално, а нервозата кај Кирјиос ја искористи за да запише нов голем успех на турнирот во Лондон. Во последниот сет од мечот се играше тај-брејк, бидејќи двата актери во финалето не попуштија на свој сервис. 35-годишникот многу брзо побегна и направи недостижна разлика. Тоа му го отвори патот до новата титула на Вимблдон.

Австралискиот ас го играше своето прво Грен слем финале. Тоа е најголем успех во неговата кариера. Меѓутоа на титула ќе мора да чека нова прилика, со оглед на тоа што денес наиде на подобар и пред сè поискусен ривал на Централниот терен.