петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ се огласи по одлуката на Федералниот Суд

Новак Ѓоковиќ се огласи по одлуката на Федералниот Суд

Новак Ѓоковиќ беше третиран во изминатата недела, во која траеше сагата со неговата депортација. Србинот по одлуката на судот даде само куса изјава.

„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Федералниот суд на Австралија со гласање 3-0 на судиите реши да ја одбие жалбата на најдобриот светски тенисер за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.

Згора на тоа, српскиот ас се соочува и со тригодишна забрана за влез на австралиска територија, што би значело и крај на неговите настапи на турнирот во Мелбурн, каде што досега има девет победи.