Ѓоковиќ беше на раб на елиминација откако првите два сета ги загуби во два тајбрејка со 6-7, но потоа Србинот успеа да се издигне и да му препушти само еден гем во следните два сета на Италинаецот, победувајќи со 6-1, па со 6-0 за да израмни на 2-2 во сетови.
Во петтиот решавачки сет, Ѓоковиќ набрзина со два тајбрејка стигна до 4-0, по што Мусети не го ни доигра мечот, туку предаде при водство од 4-0 на најдобриот рекет, кога веќе беше јасно дека Ѓоковиќ ќе стигне до страшен пресврт за место меѓу најдобрите осум на вториот годинешен гренслем.
Ѓоковиќ во четвртфиналето го чека нов Италијанец, Матео Беретини, кој е девети носител на турнирот.