четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак го расплака Шаповалов, со солзи го напушти теренот (ВИДЕО)

Новак го расплака Шаповалов, со солзи го напушти теренот (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ славеше во полуфиналето на Вимблдон против Денис Шаповалов со 3: 0, а тој пораз беше исклучително тежок за Канаѓанецот.

Иако имаше предност и можност да го реши првиот сет во своја полза, а потоа во продолжението од мечот постојано беше близу до Ѓоковиќ, Шаповалов сепак попушти, од друга страна Ѓоковиќ одигра одлично и дојде до триумф.

Беше јасно дека му е крајно тешко на Канаѓанецот веднаш по крајот, а емоциите го совладаа на патот кон соблекувалната.

Ривалот на Ѓоковиќ во неколку наврати го избриша лицето со видливо црвени очи, со наведна глава.

Потсетуваме, Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Матео Беретини од Италија.