среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на Отвореното тениско првенство на САД

Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на Отвореното тениско првенство на САД

Со одлуката на американската администрација од 11 мај се укинува обврската за задолжителна вакцинација против ковид-19 за странски државјани, кои сакаат да влезат во Соединетите Американски Држави, отворен е патот за најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ за настап на Грен слем турнирот САД Опен на кој не можеше да присуствува минатата година, пренесува Анадолија.

Белата куќа денес  во соопштение објави дека задолжителната одлука за вакцинација, која беше донесена во 2021 година поради ковид-19, истекува на 11 мај за федералните вработени и странските државјани кои патуваат со авион.

Па така, српскиот тенисер Ѓоковиќ, кој е на врвот на машката светска ранг-листа, нема пречка за настап на САД Опен во 2023 година, кој ќе се одржи од 28 август до 10 септември. Ѓоковиќ, кој одби да се вакцинира против ковид-19, минатата година не можеше да се натпреварува на САД Опен, каде освои три од неговите 22 Грен слем титули во кариерата (2011, 2015, 2018).