Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не настапи во Мадрид поради повреда на лактот, која го мачеше во Монте Карло, но и покрај тоа ќе остане прв на АТП-листата.
Ѓоковиќ ја почна 385. недела на тронот на АТП-листата со 7.135 бодови и кога ќе заврши мастерсот во Мадрид, тој ќе има 6.775 поени.
Засега не е познато само колку поени ќе остане пред Карлос Алкараз, кој ја брани титулата во Мадрид, а доколку загуби тоа значи дека ќе се зголеми разликата меѓу двајцата тенисери.
На најновата ранг-листа, која беше објавена Србиот има 7.135 бодови, Алкараз следи со 6.770 бода, а Данил Медведев е трет со 5.240 поени.