недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ стигна до 24-от Грен слем во кариерата

Новак Ѓоковиќ стигна до 24-от Грен слем во кариерата

Новак Ѓоковиќ ја продлабочи својата легенда со уште еден Грен слем. Српскиот тениски генијалец го освои УС Опен, една година откако не му беше дозволена да настапи, затоа што не беше вакциниран.

Новак на „Артур Еш“ го надигра победникот пред две сезони, Данил Медведев со 3-0 во сетови (6-3, 7-6/5, 6-3) и се закити со 24. Грен слем турнир во кариерата. Со овој голем турнир Новак Ѓоковиќ се израмни со Маргарет Корт и двајцата го делат првото место на вечната листа по бројот на Грен слем турнири.