среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ вака го буди својот организам: Сите богаташи му го „украдоа“ овој трик и го прават истото!

Новак Ѓоковиќ вака го буди својот организам: Сите богаташи му го „украдоа“ овој трик и го прават истото!

Новак Ѓоковиќ направил сè за да ја пронајде совршената формула за здрав живот. Со цел неговото тело да функционира беспрекорно, тој осмислил посебен режим на исхрана и вежбање кој му дава флексибилност и издржливост.

Како би го разбудил своето тело, Новак секое утро пиел топла вода со лимон, која му помага на неговото тело да се детоксицира. А потоа, на празен стомак пиел сок од целер, со додавање на алги.

„Во првиот дел од денот јадам многу овошје. Не сакам да јадам храна која бара многу енергија за варење, бидејќи ми треба многу енергија за тренинзи“, објаснил Новак пред неколку години.

Сите холивудски ѕвезди, исто така, пијат сок од целер секое утро, со цел да ја задржат виталноста и здравјето на телото што е можно подолго. Сокот од целер е богат со влакна, витамин К, А и Ц, калиум и фолати, како и цела низа антиоксиданти.

Како да направите сок од целер?

Во блендер ставете неколку стебленца целер со половина шолја млака вода. Кога сето тоа ќе се сомеле, сокот испијте го наутро, на празен стомак и тоа околу 150 милилитри.