петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак објави селфи за кое зборува цел свет: Како дете го бркал за фотографија, сега го победи во големото финале

Новак објави селфи за кое зборува цел свет: Како дете го бркал за фотографија, сега го победи во големото финале

Данскиот тенисер Холгер Руне вчера го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Париз, а некогаш го бркал за фотографија.

Некогашниот најдобар јуниор на светот со години ја следел кариерата на Ѓоковиќ, а сега доживеа да се бори за најголемите трофеи против некогашниот идол. Од друга страна, и Србинот го следел големиот напредок на перспективниот Данец.

„Веќе неколку години го следам Руне и добро го познавам, понекогаш тренираме заедно. Навистина е добро момче и нема сомнеж дека тој, Алкараз и уште некои момци се иднината на тенисот. Го победив минатата година во Њујорк, но многу напредуваше оттогаш“, изјавил Ѓоковиќ за тенисерот на кој му претстои голема иднина.

По вчерашниот пораз, Новак зборувал искрено за Руне, а подоцна добил уште една честитка од тенисерот.

„Честито на тебе и на твојот тим. Како и секогаш, благодарам и на Париз за неверојатното искуство“, напишал Ѓоковиќ на Инстаграм, кој има една недела за одмор и за подготовка за завршниот Мастерс во Торино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Холгер Руне е моментално 18-ти тенисер во светот, но со триумфот во Париз за првпат избори пласман во топ 10.