петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Нови промени се предвидуваат во Формула 1

Нови промени се предвидуваат во Формула 1

Специјализираниот сајт за Формула 1 „Автоспорт“ пишува дека по неодамна одржаното Гран При на САД, тимските шефови започнале неформални разговори за промени на правилата на спринт-трката, што во моментов предизвикува голем напор кај некои возачи.

Имаше значително помал интерес од навивачите за спринтерската трка на Големата награда на САД, а извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали, смета дека се неопходни промени за да се спречи стагнирање на Формула 1.

Неговиот предлог е возачите на спринтерски трки да стартуваат во обратен редослед од местото што ќе го постигнат во квалификациите. Тој што беше прв во квалификациите, спринтот ќе го стартуваше како десетти и обратно.