недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новинарка го праша Ѓоковиќ: Може ли да те викам најдобар на сите времиња? Тој и’ одговори: Можеш да ме викаш Новак

Новинарка го праша Ѓоковиќ: Може ли да те викам најдобар на сите времиња? Тој и’ одговори: Можеш да ме викаш Новак

Поранешната тенисерка Барбара Шет, која со години ги следи турнирите во улога на стручен консултант за Еуроспорт, според традицијата, го интервјуираше Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ испиша историја со триумфот на Ролан Гарос против Каспер Руд, со што стигна до својата 23. Грен слем титула.

Тој податок, како и многу други соборени рекорди, со право поттикна многумина да му го прикачат епитетот „G.O.A.T.“ на Ѓоковиќ, односно „Greatest Of All Time“, во превод најдобриот на сите времиња.

По таа логика се водела и убавата Барбара.

„Можам ли да те наречам сега G.O.A.T., официјално?“, го праша Новак.

Следуваше моќен одговор.

„Можеш да ме викаш Новак, го сакам моето име“ рече Ѓоковиќ и ги насмеа сите, пренесоа српските медиуми.