Новогодишната турнеја Четири скокалници и оваа година ќе се одржи без присуство на публика. Организаторите на австрискиот дел од турнејата потврдија дека нема да има публика. Две недели претходно иста одлука донесоа и Германците.
Турнејата оваа година прославува јубилеј, 70 години од првото издание. Четирите скокалници ќе се одржат во периодот од 26 декември 2021 до 6 јануари 2022 година.
Најдобрите ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Оберсдорф и Гарми-Партенкирхен на 29 декември и 1 јануари, односно во Инсбрук и Бишхофсхофен на 4 и 6 јануари.