Актуелниот светски првак во снукер, Рони О`Саливен, титулата ќе му ја препушти на некој друг, откако славниот играч беше елиминиран од Ентони Мекгил и тоа со 13-12 во фрејмови.
Мекгил водеше со 10-6, и го најави изненадувањето, Рони одговори со пет добиени партии по ред за 11-10, водеше и со 12-11, но на крајот беше елиминиран.
За О`Саливен пропадна шансата по седми пат да стане светски шампион и да се изедначи со Стивен Хендри кој е рекордер во модерната ера на овој спорт.