Рони О’Саливен по седми пат во кариерата е светски шампион во снукер. Со победата против Џад Трамп, „Ракетата“ сега се израмни со Стивен Хендри по бројот на светски титули.
Во големото финале О’Саливен беше поуспешен во сите сесии и на крај заслужено славеше со убедливи 18-13. Со денешното славје, О’Саливен стигна до својот 21. Грен слем титула и сега може да каже дека е најдобар на сите времиња! Претходно, легендата на оваа игра во „Крусибл“ славеше во 2001, 2004, 2008, 2012, 2013 и 2020 година.
По првиот финален ден Рони имаше убедливо водство од 12-5, но Трамп во првата денешна сесија беше поквалитетен и успеа да намали на 14-12.