сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одбојкарите на Македонија подобри од Израел

Одбојкарите на Македонија подобри од Израел

Машката одбојкарска репрезентација славеше против Израел со 3-1 во сетови, односно 16-25, 32-30, 31-29 и 25-23, и ја запиша четвртата победа во европската Сребрена лига.

Нашите одбојкари одиграа лош прв сет, кој го загубија со 16-25, по што со голема борба го освои вториот сет со 32-30 и израмни на 1-1.

Израел не се предаваше ниту во третиот сет и даваше отпор до самиот финиш, но македонските одбојкари успеаа да го добијат сетот со 31-29, по што со многу мака го добија и четвртиот сет со 25-23.

Македонија има четири победи во групата А од пет натпревари, а последниот меч го игра утре против Кипар.

foto: gol.mk