среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одбојкарите на Македонија поразени од Израел во пријателски меч

Одбојкарите на Македонија поразени од Израел во пријателски меч

Машката одбојкарската репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во подготвителниот период за настапот на Европското првенство, откако денес во дуелот на коорганизаторите на континенталниот шампионат, Израел не совлада во Кавадарци со максимални 3-0.

Израел одлично го отвори натпреварот и го доби првиот сет со убедливи 25-15. Во вториот и третиот сет се играше поизедначено, а ние ги губевме сетовите во самиот финиш. За тоа говори и фактот дека Израел ги доби вториот и третиот сет минимално со 25-23 и 25-22.

Македонија во досегашниот тек од подготовките одигра четири контролни натпревари. Ги победивме Романија (3-1) и Израел (3-2), додека порази доживеавме од Јапонија (2-3) и Израел (0-3).

Нашите одбојкари во пресрет на Европското првенство во Скопје ќе одигра контролни дуели против Јапонија во вторник и среда, а во петок ќе започне и меморијалниот турнир “Бранко Хаџиињоски – Чајка“ на кој освен Македонија, ќе учествуваат Грција, Египет и Јапонија.