Струмица Никоб убедливо со 3-0 во сетови беше поразена од холандскиот тим Динамо Апелдрон во првиот меч од првото квалификациско коло во одбојкарската Лига на шампиони.
Холандскиот тим го доби првиот сет со 25-20, а во следните два Апелдрон беше уште поубедлив, нив ги доби со 25-13 и 25-16.
Канаѓанецот со македонско потекло, Деан Глобоцки со шест поени беше најдобар во составот на Струмица, додека Бекхуд со 14 поени беше најдобар кај Динамо Апелдрон.
Реваншот се игра за седум дена во Скопје, но по овој пораз мисијата на Струмица за пласман понатаму стана речиси невозможна.