Македонската одбојкарска селекција запиша уште еден успех во Сребрената европска лига и со скор од пет победи и само еден пораз ќе го отвори „фајнал-форот“ во ова натпреварување. Во рамки од последното коло од групата А, со сигурни 3-1 по вторпат за само девет дена ја совладаа селекцијата на Кипар.
Избраниците на Матијашевиќ и на натпреварот во Данска немаа посериозни проблеми против кипарските одбојкари, иако овој пат загубија сет. „Спартанците“ без многу мака дојдоа до водство од 2-0 во сетови и ја контролираа играта, а имаа и соодветен одговор во моментите кога противникот знаеше да изненади и влезе во серија.
Неизвесно беше и на стартот од третиот сет. Кипар одново отвори мотивирано и ефикасно и го имаше водството во свои раце, но овој пат не го испушти и со сигурни 25-18 намали на 2-1 во сетови. Сепак, кога беше најпотребно искуството и квалитетот на „спартанците“ се покажа на дело и Македонија со сигурни 22-25 се избори за нова победа за успешен крај на турнирот во Данска.
Покрај Македонија, која без разлика одличните настапи и петте победи, како домаќин обезбеди „фајнал-фор“, од групата А во завршницата ќе игра и селекцијата на Данска.