среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Одбојкарките на скопски Работнички се на чекор до одбрана на ланската титула во домашниот шампионат, откако синоќа во третиот натпревар од финалната серија до три победи се радуваа против Јанта волеј со 3:0 (25:12, 25:23, 25:21) и поведоа со 2-1.

Следното соочување е во Кисела Вода на теренот на Јанта волеј, а може да биде последно доколку слават актуелните првенки.

Во спротивно ќе има мајсторка за првенствениот трон на теренот на Работнички Скопје.