недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одермат го одбрани Големиот кристален глобус

Одермат го одбрани Големиот кристален глобус
epa10514992 Marco Odermatt of Switzerland celebrates winning the Men's Giant Slalom race at the FIS Alpine Skiing World Cup in Kranjska Gora, Slovenia, 11 March 2023. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Швајцарскиот скијач Марко Одермат, со победа во саботниот велеслалом за Светскиот куп во Крањска Гора, го осигура освојувањето на  Големиот кристален глобус втора година по ред.

Одермат во првото возење оствари значајна предност пред конкурентите, а потоа со седмо време во второто возење успеа да го обезбеди првото место за својата 21. победа во Светскиот Куп, а 10. во оваа сезона. Швајцарецот имаше време од 1:65.65.

Второто место му припадна на Алекис Пинтурао, додека трет беше Хенрик Кристоферсен. Крисферсен и натаму е во конкуренција а Малиот кристален глобус, но сега заостнува 140 бодови, па Одермат веќе во недела ќе може да ја обезбеди и таа титула.