понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одличен старт за Стефановски и победа во Франција

Одличен старт за Стефановски и победа во Франција

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, успешно ја стартуваше новата сезона во Европскиот шампионат што се вози на ридски патеки, освојувајќи го првото место на трката во Франција.

Стефановски го освои првото место на првата трка, но во генералниот пласман заврши трет.

Оваа трка традиционално е првата страница на Европскиот шампионат, а за истата беа пријавени 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец.