Новата македонска тениска надеж, Калин Ивановски оствари уште една победа во поеднинечна конкуренција на најпрестижниот турнир Вимблдон.
Талентираниот Ивановски се избори за славје над Литванецот Едас Бутвилас со 2-0 во сетови. Дуелот траеше скоро два часа, во двата сета се играше тај-брејк, а Македонецот беше тој беше пофокусира, подобар и се избори за осминафинале кај јуниорите на грен слемот во Лондон.
Како во првиот така и во вториот сет видовме по еден брејк од двајцата играчи, па така се се решавеше во дополнителниот „гејм“ во кој Калин прво беше подобар со 7-4 и потоа со 8-6.
Во наредната рунда Ивановски ќе се соочи со подобриот од мечот Жоао Виктор Коуто Лоуреиро и Џек Пинигтон Џоунс.