недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одлуката за странски навивачи на ОИ до крајот на март

Одлуката за странски навивачи на ОИ до крајот на март

Одлуката за евентуално присуство на странски навивачи на летните Олимписки игри (ОИ) во Токио ќе биде донесена до крајот на овој месец, најави денеска јапонската министерка за ОИ, Тамајо Марукава.

Весникот „Маиничи“ претходно денеска, повикувајќи се на анонимен владин претставник, објави дека јапонските власти планираат да забранат влез во земјата за навивачи од странство, сакајќи да спречат ширење на коронавирус.

Паралелно со ова, мнозинството Јапонци и натаму се против одржување на Олимпијадата во Токио. Според последните испитувања на јавното мислење, дури 91 од анкетираните сметаат дека, доколку Игрите се одржат, бројот на гледачи треба да биде минимален или, пак, олимписките натпреварувања да се одржат пред празни арени. (МИА)