УС Опен ќе се одржи помеѓу 31 август и 13 септември во Квинс, Њујорк, а на трибините нема да бидат пуштени навивачи. Веста ја потврди гувернерот на „Големото јаболко“ – Ендру Куомо.
Тој додаде дека Американската тениска асоцијација ќе стори сé што е можно за да обезбеди заштитни мерки и ќе ги преземе сите неопходни мерки на претпазливост за да се осигури дека играчите и нивниот персонал не се чувствуваат загрозени.
На лице место ќе бидат обезбедени тестови, дополнителна дезинфекција, повеќе простор во соблекувалните и обезбедено засолниште и транспорт.
Сепак, друго прашање е колку од големите sвезди ќе учествуваат. Досега прва што соопшти за своето отсуство е Симона Халеп.